Spiritual Books To Learn From, and Attain Ethical Moral Values

Subscribe

Newsletter

Sign In

My Account

Cart

Беседата на Гората – Пат кон повисока етика и морал – Внатрешен пат

Збирно издание

 25,00

Includes 7% reduced VAT
Available immediately, delivery time 10-14 workdays **

Product Information

„Божјата љубов е многу блиска до секој од нас. Тоа е неоптоварливата сила на нашата душа. На внатрешниот пат смееме да ја активираме оваа моќ и на тој начин да се приближиме до нашата вечна татковина од која некогаш сме излегле“. – Габриеле, пророчица и гласничка Божја

Внатрешниот пат до космичката свест е патот до Бог во нас. Тоа е патот на слободата, љубовта кон Бог и ближниот. Ова е Христов-Божји пат за сите луѓе кои се стремат кон повисока култура и мирољубиво човештво.

Внатрешниот пат е понуда од Царството Божјо. Брат Емануел, херувимот на божествената Мудрост, преку Габриеле го објави школувањето и вежбите на Внатрешниот пат.

Оваа книга е збирно издание која ги содржи сите 7 книги од Внатрешниот пат: два медитациски курсеви, основни степени: Ред, Волја, Мудрост, Сериозност и Големите космички учења на Исус од Назарет.

Во нашиов свет етиката и моралот сè повеќе опаѓаат и по некој си го поставува прашањето: Каде е Бог? Зошто Бог го допушта тоа? Постои ли Тој воопшто? Бог е тука! Само ние луѓето се отклонивме од Бога; ние станавме имитатори, така што го правиме она што го прават други.

Но, Бог ни даде на нам луѓето непроценлива помош за повторно да Го пронајдеме Него: Патот на Беседата на Гората, Внатрешниот пат. Ние можеме да го примениме во секојдневието, во секоја ситуација, во разговори, на работното место, во семејството, со пријатели и роднини. Тоа е Беседата на Гората што се живее – патот до повисоката етика и морал, патот во еден исполнет живот. Што ќе се смени кај нас преку тоа? Нашиот карактер. Сликата на нашиот карактер станува пофина. Ние одиме низ животот посигурни за самите себе, но и со поголема добронамерност и добрина и можеме да бидеме обогатување за други. Разбираме многу повеќе, бидејќи сме појасни во мислењето и однесувањето. Еден нов квалитет на животот!

Габриеле, учителка-пророчица и Божја пратеничка, во еден циклус на школувања детално ги објасни овие задачи на Внатрешниот пат. Објавените учења и објаснувања се содржани во оваа сеопфатна книга за школување од основното ниво на божествениот Ред, преку божествената Волја, божествената Мудрост до нивото на божествената Сериозност.

Беседата на Гората – Пат кон повисока етика и морал – Внатрешен пат
 25,00