Your cart is currently empty!
Единството на Сепостоењето кое говори
Речта на Универзалниот Дух-Создател
ISBN: 978-9-98968-862-1
Article Nr.: S173mk
400 pages
Hardcover, Illustrated
Product Information
Информации за продуктот
Единството на Сепостоењето кое говори
Речта на универзалниот Дух создател
Космичко учење и учење од Школата на божествена мудрост
Космичката Сѐ-комуникација е жива во целата природа; ова го гледаме, на пример, кај јато птици кои можат да летаат во огромни формации без да си пречат една на друга. Како е тоа можно? Габриеле објаснува како природните царства, минералите, растенијата и животните, како и чистите божествени битија се поврзани едни со други и со Создателот Бог, Сѐ-Едниот, преку Сѐ-комуникацијата. Тaа ни дава поглед низ духовната пукнатина на вратата во седумдимензионалното Божјо царство и ни го покажува патот како и ние луѓето можеме да се вратиме назад во Сѐ-единството на животот.
Со конкретни вежби.
Самите ние во основата на својата душа треба да ја насетиме вечноста без простор и време. И да осознаеме што навистина пулсира во длабочината на нашата душа. Во еден извадок од книгата, се вели: „Во книгава ќе бидеме водени до едно подлабоко разбирање за сеопфатното Сѐ-Единство кое говори. Колку повеќе ги следиме насоките и ги остваруваме вежбите дадени во самите текстови на оваа учебна книга, толку подлабоко се отвара во нас свеста за космичката комуникација на Единството на целото постоење. Исто така, учиме да чувствуваме и во минералите, растенијата, а особено во животните. Животните со својата разноликост, кои со своето неоптоварено битие ја оживуваат Земјата и како и сите животни форми, си посакуваат раст и просперитет, интактност, но исто, така и среќа и мир, страдаат неописливо поради деспотизмот на човекот…
Да погледнеме во очите на животните – нивниот поглед е повик кон нас. Тие посакуваат да во нив препознаеме помали животински сестри или браќа, кои нам пријатели сакаат да ни бидат. Во поврзаноста на космичкото Постоење, тие сакаат на нас да гледаат како помали сестри/ браќа кон нивните поголеми браќа/сестри. Тие пак сите, се деца на Сѐ-Едниот кој говори, созданија на Сепостоењето, битија од Бог.
Со книгата се добива ЦД со две медитации:
1. „Цути“ – медитативна виртуелна прошетка
2. „Нашето вистинско битие“ – медитативно космичко гледање