Your cart is currently empty!
Сам во партнерство и брак? Сам во староста? Живот во единството!
Ти не си сам - БОГ е со тебе
ISBN: 978-9989-688-54-6
Article Nr.: S367mk
176 pages, softbound
Product Information
Сам во партнерство и брак?
Сам во староста? Живот во единството!
Генерално земскиот живот за нас луѓето се состои од една низа на разочарувања. Се надеваме, копнееме, а сепак, секогаш одново сме незадоволни. Најчесто од некој друг човек посакуваме среќа, љубов и заштитеност. Понекогаш мислиме дека најпосле „пристигнавме на целта“, меѓутоа повторно очекувањата не се исполниле – повторно сме сами. Габриеле покажува зошто целта на надежите на човекот во овој свет секогаш одново му се лизнува од раце: корените на неговиот копнеж лежат подлабоко. Од тоа произлегува и каде може да се најде исполнувањето на она за кое тој трага. Секој кој сака може да ги следи длабоките излагања на Габриеле од божествената мудрост и, на пример, да научи како може да го искуси животот во Единството, Бога, и да стигне во внатрешната тишина, за во себе да Го сретне Бога и со тоа да ги следи чекорите што водат до вистинската, трајна среќа.