Ова е Мојата реч – Алфа и Омега
Евангелие на Христос Божји, Христова објава - по целиот свет

ISBN: 9786086700768
Article Nr.: S007mk
1152 pages, hardbound
Ова е Мојата реч – Алфа и Омега
Евангелие на Христос Божји. Христова објава – по целиот свет
_____________________________________________________________
Исус од Назарет не основал религија. Тој не поставил свештеници, ниту пак поучувал за какви било догми, ритуали или култови. Пред две илјади години, Тој ја донел вистината од Царството Божјо: учењето за љубовта кон Бог и ближниот – кон другите луѓе, природата и животните – како и учењето за слободата, мирот и единството. Тој зборувал за Бог на љубовта, за Слободниот Дух – Бог во нас. Сè до денес, црковните институции го злоупотребуваат и присвојуваат Неговото име и Неговата порака што ослободува, замаглувајќи ги со догми, свештенички култови и повикување на проклетства.
Сега дојде времето: катастрофалната измама на човештвото ќе биде разоткриена, а Неговата порака за љубов кон Бог и ближниот ќе се ослободи од превезот на религиозното присвојување. Надоврзувајќи се на „Евангелието на Исус“ – постоечки вонбиблиски евангелски текст – самиот Христос ја откри вистината, објаснувајќи ги, исправајќи ги и продлабочувајќи ги фактите за Своето размислување и Својот живот како Исус од Назарет, преку Габриеле, пророчицата и пратеничка Божја за нашето време.
Од содржината:
- Значењето и целта на животот на Земјата
- Изобличувањето на учењето на Исус од Назарет во текот на изминатите 2.000 години
- Предуслови за исцелување на физичкото тело
- Учењето на Исус за бракот
- Беседата на гората
- За Божјото постоење
- Бог не се гневи и не казнува
- Доктрината за „вечно проклетство“ е исмевање на Бог
- Борбата на темнината против Божјиот план и Неговите праведни пророци
- Исус ги сакаше животните и се грижеше за нив
- Луѓето го сквернават и уништуваат животот на Земјата
- Законот на сеидба и жетва го опфаќа и однесувањето кон Создавањето
- Смртта, реинкарнацијата и животот
- Еднаквоста меѓу мажите и жените
- Вистинското значење на искупителното дело на Исус, Христос
- Насоки за живот во Новата доба – Царството на мирот на Земјата, каде што ќе се исполнуваат Божјите закони
- и многу повеќе…
Вечната Реч, единствениот Бог, Слободниот Дух, зборува преку Габриеле, како и преку сите Божји пророци – Авраам, Мојсеј, Исаија, Јов, Илија и Исус од Назарет, Христос Божји.
Во ова моќно дело на откровение „Ова е Мојата реч – Алфа и Омега“ Христос – најголемиот пророк меѓу пророците и Син Божји – зборува од Божјото Царство за минатото, сегашноста и иднината преку Габриеле, Божјата пророчица и гласничка. Во ова Свое дело – дело од историско значење – Тој им се обраќа на сите луѓе за да го разјасни она што го поучуваше како Исус од Назарет, за текот на Својот земски живот, и ги открива поврзаностите во големото Спасителско дело, кое своите корени ги има во Божјото Царство.
Достапно и на многу други јазици.
You may also like…
-

Животна школа за овладување со животот – Прва книга
Ние, секој поединец од нас, според нашето потекло сме…€ 9,80
Includes 7% reduced VATplus shipping -

Беседата на Гората – Пат кон повисока етика и морал – Внатрешен пат
Исклучителна книга за Внатрешниот пат: два…€ 25,00
Includes 7% reduced VATplus shipping -

Татковите зборови исто така и за тебе
Зборови од вечниот Татко до Своето дете.€ 7,50
Includes 7% reduced VATplus shipping -

Порака од Сепостоењето – Втора книга
Порака од Сепостоењето содржи одговори на основни…€ 15,00
Includes 7% reduced VATplus shipping










